Кери планира средба со Лавров во текот на денешниот ден

Лавров синоќа слета во Виена каде ќе учествува на преговорите за иранската нуклеарна програма.

Државниот секретар на САД Џон Кери планира вечерта на 24 ноември да се сретне со шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а известува France Presse.

Претходно беше соопштено дека Лавров треба да се сретне со шефот на МНР на Иран Џавад Зариф и германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер.

Крајниот рок за склучување договор со Иран за иранската нуклеарна програма е 24 ноември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња