„Роскомос“ реши да не троши пари за Меѓународната вселенска станица

Пред неколку дена беше објавено дека нема средства за изградба на руска орбитална станица.

Претставници на „Роскосмос“ изјавија дека за 50% е намален бројот на мотори кои се наменети за Научно-енергетскиот модул наменет за лет кон МВС, пренесува ТАСС. Оваа изјава е направена за време на конференцијата на специјалистите од корпорацијата „Енергија“.

Според зборовите на претставниците на „Роскосмос“, ова решение е донесено поради потребата од намалување на финансиските трошоци.

Пред неколку дена беше објавено дека нема средства за изградба на руска орбитална станица. До 2020 година Русија ќе продолжи да работи на МВС заедно со другите земји-партнери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња