Ниту една држава нема право да ја определува иднината на другите држави, изјави помошникот на државниот секретар на САД за односи со Европа и Евроазија Викторија Нуланд.
„Вратите на НАТО се отворени за секоја евроатлантска држава која ги задоволува високите стандарди на НАТО и е способна да ја земе одговорноста која доаѓа со членството“, ги пренесува „Гласот на Америка“ зборовите на Нуланд.
„Иднината на Украина нема да биде определена од Москва. Тоа ќе го реши украинскиот народ. Што се однесува до Алијансата, меѓу Украина и НАТО ќе има дијалог кога тоа ќе го посака Украина“, изјави Нуланд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче