Лавров: Западот не крие дека цел на санкциите е промена на режимот во Русија

Според зборовите на Лавров, приказните за изолација на Русија не заслужуваат никакво внимание.

Цел на антируските санкции е промена на власта, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за време на состанокот на Советот за надворешна и одбранбена политика, додавајќи дека Западот тоа веќе не го крие.

 

„Јавно се зборува за тоа дека санкциите треба да ја уништат економијата и да предизвикаат народни протести“, ги пренесува ТАСС зборовите на Лавров.

„Кога претходно воведуваа санкции, без разлика дали се работеше за Северна Кореја, Иран или други земји, секогаш се водеше сметка дали се нанесува штета само на елитата, или на целата социјална сфера и економија“, изјави Лавров.

Според зборовите на Лавров, приказните за изолација на Русија не заслужуваат никакво внимание. „Секако, нашата економија трпи поради последиците од санкциите, но само на сметка на оние последици кои ги трпат и земјите кои ги воведоа истите“, додаде Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња