Анкета: 47% од Русите штедат во рубљи

Мал дел од Русите штедат во девизи.

Околу 47% од Русите ги чуваат своите средства во банките во рубљи, следува од резултатите на анкетата на ВЦИОМ.

Во моментов 49% од Русите штедат дел од својот приход. Најчесто штеди младината (58%), како и луѓето од 25 до 44 години (51%). Постарите помалку штедат (41%), како и лицата со ниско образование (37%). Доларот и еврото е валута во која штедат 3%, односно 2% од Русите.

Слабеењето на рубљата кон доларот и еврото е забележано од 73% од анкетираните. Секој десетти Русин не забележал измени во курсот, а 6% сметаат дека рубљата расте. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња