Првиот „Мистрал“ ќе биде предаден на Русија на 27 ноември

Според информациите, „Владивосток“ треба да замине во Кронштадт на 28 ноември.

Носачот на хеликоптери „Владивосток“, кој се гради на француското пристаниште Сен-Назер за Воено-морската флота на Русија, може да биде предаден на Русија на 27 ноември, изјави воено-дипломатски извор.

 

„Определен е нов датум за предавање на ’Владивосток’. Тој  може да биде испорачан на руската страна на 27 ноември“, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на информациите од изворот.

Според информациите, „Владивосток“ треба да замине во Кронштадт на 28 ноември. Притоа изворот подвлече дека „новиот датум е определен како резултат на преговорите“ и дека „финалното решение за предавањето останува да биде донесено пд претседателот на Франција“. Се забележува дека на екипажот на носачот на хеликптери му е дозволено да се качи на бродот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња