Пекинг изјави дека ја поддржува руската позиција околу украинскиот проблем

ККина го поддржува решавањето на конфликтот во Донбас со политички методи.

Пекинг изјавува дека ја поддржува Русија и нејзиниот приод кон проблемот околу украинската криза. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на директорот на одделот за Европа и Централна азија при МНР на Кина, Гуиј Цунјуа.

„Кина со разбирање пристапува кон предизвиците со кои се соочува Русија околу украинското прашање, и ја поддржува Русија и нејзиниот приод кон решавање на овој проблем“, изјави Цунјуј.

Според неговите зборови, Кина го поддржува решавањето на конфликтот во Донбас со политички методи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња