Грушко: НАТО нема докази за присуство на руска војска во Украина

Исто така, Грушко изјави дека НАТО е сѐ поактивен покрај границите на Русија.

Претставникот на Русија во НАТО Александар Грушко за телевизискиот канал „Русија 24“ изјави дека НАТО нема објективни докази за концентрација на руска војска покрај границата со Украина.

 

„Колку што знам, дури и самите натовци признаваат дека немаат материјал со кој би потврдиле дека постои војска и вооружување која преминува преку границата, или дека се врши концентрација на руските сили на границата со Украина“, соопшти Грушко.

Исто така, Грушко изјави дека НАТО е сѐ поактивен покрај границите на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња