Вицепретседателот на САД Џозеф Бајден изјави дека Русија ризикува да се најде во уште поголема изолација доколку продолжи со „неприфатливата“ агресија кон Украина, пишува France-Presse.
Ова вицепретседателот на САД го изјави по средбата во Киев со украинскиот претседател Петро Порошенко. Бајден забележа дека САД секогаш ќе ја поддржуваат демократска Украина. Притоа, тој не наведе каква имено помош ќе добие оваа земја, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Украина и вицепретседателот на САД изјавија дека го поддржуваат минскиот формат на преговори околу Украина. Бајден исто така изјави дека Вашингтон е подготвен за преговори за укинување на санкциите доколку „Русија ги исполни минските протоколи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче