Шефот на комитетот за меѓународни односи во Државната дума на Русија Алексеј Пушков смета дека претседателот на САД треба да добие „Нобелова награда за војна“ доколку таа би постоела, пренесува ТАСС:
„Гледаме дека антивоената реторика на Обама продолжува преку милитаристичката политика на САД на Средниот Исток“, изјави Пушков. „Лауреатот за Нобеловата награда за мир треба да ја добие Нобеловата награда за војна, доколку истата би постоела.“
Барак Обама доби Нобелова награда за мир во 2009 година „за вонредни напори во зацврстувањето на меѓународната дипломатија и соработката меѓу луѓето“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче