„Европската унија сега се обидува да ја наговори Србија, која засега не е членка на Европската унија, да се приклучи на санкциите против Русија. Србија практично е уценета - или ќе се приклучите на санкциите против Русија, или нема да ве земеме предвид како земја која има шанси за влез во ЕУ“, изјави Пушков, а пренесува РИА Новости.
Според неговите зборови, проблемот на Србија е во тоа што „во секој случај таа нема изгледи за скорешно зачленување во ЕУ“. „Доколку тргнат по патот на санкциите против Русија, тие (српската влада) ќе се согласат да бидат уценувани. Тоа не значи дека ќе бидат примени во ЕУ за година дена“, смета Пушков.
Европскиот комесар за соседство и преговори за проширување Јоханес Хан претходно пред посетата во Белград изјави дека Србија мора да воведе санкции против Русија доколку сака да влезе во Европската унија. Тој уште во септември изјави дека Србија „мора добро да размисли“ за тоа каков став ќе заземе во врска со санкциите против Русија доколку сака да биде дел од ЕУ.
Претходно премиерот на Србија Александар Вучиќ пред посетата на претседателот на Русија Владимир Путин (во октомври во Белград) изјави дека Србија нема намера да воведува санкции против Русија, како и дека никој не може да ѝ нареди на Србија да ги расипе односите со Москва. Потпретседателот на владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави во септември дека раководството на Србија очекува зголемување на притисокот од страна на Европската унија поради одбивањето на Белград да воведе санкции против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче