Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата во 2014 година забележала околу 400 руски воени авиони недалеку од своите граници, соопштува Ројтерс.
„Ако го погледнете бројот на регистрирани авиони од државите на НАТО, може да се соберат 400 авиони, што е 50% повеќе отколку во минатата година“, изјави тој на конференцијата за печатот во Естонија.
Тој забележа дека повеќето од тие авиони се забележани во меѓународното воздушно пространство, недалеку од воздушното пространство на државите-членки на НАТО.
„Вакво однесување не сме виделе многу години, од времето на ’Студената војна’“, забележа Столтенберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче