Министерството за економија на Русија очекува раст на рубљата

Министерството за економски развој на Русија смета дека инфлацијата годинава во земјата ќе изнесува 9%.

Заменикот министер за економски развој на Русија Алексеј Ведев смета дека наскоро рубљата може да зацврсне, пренесува ТАСС.

„Очекував дури и денес да се случи тоа... Но овде улога играат и шпекулативно-техничките фактори“, изјави тој.

Според неговите зборови, Министерството за економски развој на Русија во декември може да ја промени очекуваната средна цена на нафтата за периодот од 2015 до 2017 година.

Ведев забележа дека нивото на индексирање на трошоците и цените во 2015 година нема да се разгледува и покрај значајниот раст на цените на мало.

Освен тоа, Министерството за економски развој на Русија смета дека инфлацијата годинава во земјата ќе изнесува 9%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња