Лотар де Мезјер, еден од претседателите на форумот за граѓански здруженија во Германија и Русија „Петербуршки дијалог“, изјави дека ја откажал средбата на претставниците на овие заедници по барање на германската канцеларка Ангела Меркел, соопштува Deutsche Welle.
Средбата требаше да се одржи на 21 ноември. Причина за откажувањето на средбата е конфликтот во Украина.
„Администрацијата на федералниот канцелар се обрати со молба да се откаже планираната средба поради заострување на политичката ситуација“, изјави Мезјер.
Притоа, според неговите зборови, средбата на германското и руското раководство на форумот во Минхен на почетокот на декември треба да биде одржана, дури и ако Меркел посака да ја откаже и неа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче