Кери ја нарече „смела“ позицијата на Париз околу „Мистралите“

Првиот десантен носач на хеликоптери „Мистрал“ требаше да биде предаде на Русија од Франција на 14 ноември.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека позицијата на Париз околу прашањето за предавање на носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија е „смела“. Тој посебно ја подвлече храброста на Париз, и покрај економските последици од таквото решение на француските власти, пренесува РИА Новости.

 

„Франција донесе многу смело решение во однос на ’Мистралите’... доколку се земе предвид решението на тоа решение врз нејзината економија и другите аспекти“, изјави Кери по преговорите со шефот на МНР на Франција Лоран Фабиус.

Првиот десантен носач на хеликоптери „Мистрал“ требаше да биде предаде на Русија од Франција на 14 ноември. Казната за неиспорака на „Мистралите“ може да достигне 3 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња