Франција се посомнева дека руските морнари сакаат да го украдат „Мистрал“

На руските морнари им е дозволено да се наоѓаат на „Владивосток“, но само преку ден.

Француските власти се плашат дека руските морнари во пристаништето Сен Назер би можеле да го украдат носачот на хеликоптери „Владивосток“, пренесува весникот „Ле Фигаро“.

На руските морнари им е дозволено да се наоѓаат на „Владивосток“, но само преку ден, пренесува InoPressa, повикувајќи се на францускиот весник.

„Морнарите би можеле да го заземат бродот и на тој начин тој може да стане руски. Би било тешко да се избркаат потоа од бродот. Доколку дефинитивно би се преместиле на бродот, тоа би било сигнал дека се подготвуваат за испловување“, изјави изворот за весникот.

Бродот „Владивосток“ е првиот од двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ кој се гради во француското бродоградилиште во Сан Назер за Русија. Тој требаше да биде предаден на руската страна во петокот, но церемонијата за предавање е одложена по иницијатива на Париз. Претседателот Оланд претходно повеќепати изјави дека главниот услов за предавање на бродот на Русија е „целосно почитување“ на прекинот на огнот на истокот на Украина.

Спорот околу бродот беше актуализиран во вторникот на 18 ноември, веднаш откако француските медиуми пренесоа дека на руските морнари им е забранет пристапот до бродот на кој извесно време се обучуваа. Руските извори покасно соопштија дека морнарите, сепак, биле пуштени на бродот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња