Шефот на МНР на Германија: Берлин и Москва различно гледаат на ситуацијата во Украина

Според зборовите на министерот за надворешни работи на Германија, Русија и Германија имаат сосема различни гледни точки.

Германија и Русија засега не можат да дојдат до исто мислење за конфликтот во Украина, и на двете земји им претстои долг пат пред да дојдат до било какво решение на проблемот. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер по средбата со претседателот на Русија Владимир Путин.

„За жал, сега се наоѓаме во ситуација кога деескалацијата на конфликтот сѐ уште е далеку“, изјави Штајнмаер.

Според неговите зборови, Берлин има „суштествено различен поглед врз она што се случува во Украина за разлика од Путин“. Шефот на МНР на Германија додаде дека дури за две-три недели ќе стане јасно дали ќе помогнат преговорите во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња