Стратешкиот бомбардер Ту-160, после генералниот сервис и извршена модернизација, го изврши првиот пробен лет, соопшти vz.ru, повикувајќи се на информативната служба на компанијата „Туполев“.
Ту-160 во воздухот помина 2 часа и 40 минути. Следните пробни летови на ракетоносецот треба да ги изврши екипажот на Казанската фабрика за авиони „С.П.Горбунов“ и независните инспекции, а исто така, потребно е пробниот лет да го изврши и екипажот на организацијата која ќе го користи авионот.
„Во овој момент во фабричките хали на нашето претпријатие се извршува првостепена модернизација на ракетоносецот Ту-160, при што практично се менува целата радарска и навигациска опрема. Модернизацијата на авионските системи ќе овозможи да се подобрат летните и техничките карактеристики на авионот“, истакнато е во информативната служба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.