Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Будимпешта ги потврдила обврските за изградба на „Јужен тек“. Ова тој го изјави за време на средбата со унгарскиот колега Петер Сајарто, а пренесува ТАСС.
„Денес двете страни ги потврдија обврските околу ’Јужен тек’“, додаде министерот.
Претходно парламентот на Унгарија го одобри законот со кој се обезбедува полесна изградба на гасоводот „Јужен тек“. Според законот, локалните компании ќе можат да учествуваат во изградбата на гасоводот дури и да немаат лиценца за негова експлоатација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче