Санкциите на Европската унија и САД против Русија не влијаат на интересот од страна на западните инвеститори, ова за „Газета.ру“ го изјави претседателот на „Руските железници“, Владимир Јакунин.
Јазкунин изјави дека пред три недели по иницијатива на американската страна тој извршил средба со амбасадорот на САД.
„Значаен дел од времето ние разговаравме за соработката со американските компании и фирми. Тој соопшти дека ден претходно тој се сретнал со претставниците на американскиот бизнис. Сите претставници изразиле воодушевување и позитивна реакција околу соработката со ’Руските железници’“, забележа Јакунин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче