Западни медиуми: Западот се плаши од влијанието на Русија во Источна Европа

Европските власти сѐ повеќе се плашат од засиленото руско влијание во странство.

Европските власти сѐ повеќе се плашат од засиленото руско влијание во странство, пишува The Guardian. Весникот забележува дека „цел“ на Москва се државите од поранешниот советски блок во Централна Европа и поранешна Југославија кои веќе се членови на Европската унија или сакаат да бидат нејзини членки.

Како што се кажува во статијата, минатиот понеделник германската канцеларка Ангела Меркел истапи „со најсилната и песимистичка критика“ кон Москва, изјавувајќи дека Русија се стреми да ја прошири сферата на влијание не само во поранешните советски републики како Грузија и Молдавија, туку и во Србија и Босна. Весникот пишува дека за прв пат европски лидер ја критикува Москва за обидите на своја страна да ги привлече балканските држави.

Освен тоа, весникот пишува дека против санкциите на ЕУ кон Русија се изјаснуваат лидерите на Унгарија и Словачка, држави кои се членки на ЕУ и НАТО и кои зависат од енергетските испораки од Русија. Како пример весникот ја наведе и Бугарија.

Претходно The Washington Post напиша дека некои држави од Источна Европа „тивко се поткраднуваат кон Москва“. Весникот Time, пак, пишува дека губењето на доверба на Германија кон Русија ја засилува изолацијата на Москва од Западот.

Претходно беше соопштено дека претседателот на Русија Владимир Путин разговарал со канцеларката Ангела Меркел и со новиот шеф на Европската комисија Жан-Клод Јункер околу рускиот приод кон ситуацијата на истокот на Украина. Исто така, Меркел го повика Западот да ја искористи секоја можност за дијалог со Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња