Западни медиуми: таинствен „руски објект“ е откриен во вселената

Западните експерти сметаат дека објектот има „експериментална природа“.

Западните вселенски агенции следат таинствен „руски објект“ во всеената, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, „необичните маневри“ на објектот 2014-28Е веќе неколку недели се следени од астрономите од Русија и Западот. На почеток се сметаше дека станува збор за вселенски отпад кој се нашол на тоа место по лансирањето на телекомуникацискиот сателит „Родник“. Освен тоа, овој објект ги зголеми стравовите дека руската страна повторно ја започнала програмата со име „Уништувач на сателити“, се кажува во статијата.

Целта на објектот не е позната, таа може да биде цивилна, пишува изданието, додавајќи дека според другата верзија апаратот служи за ремонт и поправка на сателитите. Весникот пишува дека Русија нема објавено дека има планови за лансирање на таков објект. Во Министерството за одбрана на Русија не одговорија на овие коментари.

„Што и да е тоа (Објектот 2014-28Е), нам ни се чини дека има експериментална природа“, изјави Патрисија Луис од истражувачкиот центар Chatam House. Таа не исклучи дека објектот може да има цивилни, но и воени функции. Луис смета дека апаратот е способен да изврши „кинетички“ или „кибернетички“ напади врз другите сателити. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња