Владата на РМ бара одговор во рок од два дена

Владата на РМ на вчерашната владина седница побара во рок од два дена да се обезбедат сите потребни одговори со кои би се докажало дека Македонија не врши реекспорт на стоки од ЕУ во Русија.
Ќе се збогува ли Македонија со рускиот пазар?
Руската Федерација може да воведе ембарго и за македонските производи.

Откако Москва побара од македонските институции да обезбеди релевантни документи со кои ќе биде докажано дека прехранбените производи што се извезуваат од Република Македонија во Руската Федерација, македонската Влада одржа седница посветена на токму на ова прашање.

Како што денес соопшти министерот за економија Беким Незири, на вчерашната седница Владата донела одлука во процесот на анализа да се вклучат Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Агенцијата за храна и земјоделство, како и Државниот инспекторат за земјоделство.

„Ќе направиме детално истражување и доколку утврдиме дека постои такво нешто, ќе се преземат сите законски мерки за покренување кривични постапки против поединците или фирмите кои го направиле тоа“, изјави Незири.

Како што објасни министерот, од руска страна постои само извесен сомнеж дека Македонија извезува овошје и зеленчук од ЕУ во Русија, но ова сѐ уште не е докажано.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња