На 2 декември ќе биде презентиран новиот руски паметен телефон

Првите примероци од телефонот беа прикажани на изложбата MWC во Барселона во февруари годинава.

Компанијата Yota Devices ќе изврши презентација на најновиот руски паметен телефон YotaPhone 2 во Москва на 2 декември, пишува „Газета.ру“.

Следниот ден, на 3 декември, компанијата ќе изврши глобална презентација, објавено е на официјалниот Твитер профил на компанијата.

 

Првите примероци од телефонот беа прикажани на изложбата MWC во Барселона во февруари годинава.

Новиот руски паметен телефон ќе има процесор Qualcomm Snapdragon 800 со брзина од 2,3 гигахерци, 2 гигабајти оперативна меморија, камера со 8 мегапиксели и 32 гигабајти вградена меморија.

Телефонот има два екрана. Едниот е 5 инчен со Full HD резолуција, а вториот е 4,7 инчи со технологија „црно мастило“ и резолуција од 960х540. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија