МНР на РФ: Австралија самата „си пука в нога“ со откажувањето од испораките на ураниум

Министерството за надворешни работи изјави дека Русија има доволно резерви ураниум за неколку децении.

Австралија „самата си пука в нога“ со откажувањето од испораките на ураниум во Русија. Ова се кажува во порака од одделот за информација и печат при МНР на Русија.

„Амбасадорот на Австралија во Москва Пол Мајлер изјави дека испораките на ураниум од Австралија во Русија ќе бидат прекинати поради губењето на доверба од австралиска страна. Пол Мајлер практично ја обвини Русија за нарушување на обврските околу неширење на оружјето за масовно уништување. Пак ќе кажеме: ваквите зборови уште еднаш го потврдуваат фактот колку се далеку од реалноста нашите колеги од австралискиот естаблишмент“, се појаснува во соопштението.

МНР на РФ изјави дека Русија ги почитува сите „меѓународни договори за неширење на оружјето за масовно уништување, вклучувајќи го и нуклеарното“. Откажувајќи се од соработката со руската страна, Австралија се покажа како целосно несериозен деловен партнер во таква сериозна сфера како што е нуклеарната енергија за мирни цели.

Министерството за надворешни работи изјави дека Русија има доволно резерви ураниум за неколку децении. Развојот на руската атомска енергија не зависи од политичките решенија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња