Шефот на дипломатијата на Германија не очекува посебни резултати од посетата на Москва

Според зборовите на Франк-Валтер Штајнмаер, неговите преговори со Лавров веќе одамна не се интензивни.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер не очекува посебни резултати од својата посета на Москва, каде треба да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров, пренесува порталот vz.ru.

Како што објасни шефот на германската дипломатија, неговите преговори со Лавров веќе одамна не се интензивни. „Тоа не се преговори на кои одиме со цел список теми за кои можеме да кажеме: ова е завршено, ова не е завршено“, изјави Штајнмаер , а пренесува Дојче Веле.

Според неговите зборови, во Москва ќе стане збор за ситуацијата во Украина, „но и за други теми“. Сигурно ќе се зборува за ситуацијата на Блискиот Исток и за нуклеарната програма на Иран.

Со Русија неопходно е да се разговара, смета шефот на германската дипломатија, бидејќи таа игра одредена улога во светот. „Сѐ додека трае конфликтот меѓу Русија и западниот свет, меѓу Русија и САД, ќе биде доведена во прашање ефикасноста на Советот за безбедност при ООН“, изјави Штајнмаер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња