НАТО: Летовите на руските воени авиони во меѓународниот воздушен простор се опасност за цивилната авијација

Според зборовите на генералниот секретар на НАТО, зголемен е бројот на летови на руските авиони во меѓународниот воздушен простор.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека руските воени авиони ја загрозуваат безбедноста на летовите на цивилната авијација додека патролираат во меѓународниот воздушен простор, јавува ИТАР-ТАСС:

Според неговите зборови, руските пилоти понекогаш не ги вклучуваат транспондерите (уреди кои примаат радио-сигнал и праќаат одговор), не соопштуваат за плановите на летот и не воспоставуваат врска со контролорите на летот.

 

Генералниот секретар на НАТО додаде дека оваа година зачестиле летовите на руските воени авиони недалеку од воздушното пространство на НАТО. Според неговите зборови, оваа година членките на Алијансата 100 пати реагирале со подигнување на ловци во воздух за да ги пресретнат руските авиони, додека во 2013 година тоа го направиле само 30 пати.

Столтенберг призна дека „летовите на воените авиони во меѓународниот воздушен простор не се противзаконски“. „Сепак, извршувањето на таквите летови без одржување врска со цивилните контролори не одговара на нормите“, тврди генералниот секретар на НАТО.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња