Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави на заседанието на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи дека планира да ја посети Москва. Според нејзините зборови, Европската унија ја разгледува можноста за „ресетирање“ на дијалогот со Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Повеќе европски министри од мене бараа да го направам тоа, и јас ја разбирам желбата на земјите на ЕУ за активирање на дијалогот со Русија, кој никогаш и не бил затворен“, изјави таа.
„Треба добро да се подготви таа посета. Тоа не може да биде посета заради посета, туку треба да се направат неколку чекори со цел да се постигне напредок во врска со регулирањето на ситуацијата во Украина и другите прашања околу нашите односи“, додаде Могерини.
Шефицата на европската дипломатија инсистира дека Русија „не е само дел од проблемот околу Украина, туку и дел од неговото решение“. Според нејзините зборови, во наредните месеци Европската унија ќе се занимава со „анализа и ревизија на односите со Русија“, не само во врска со украинската тема, туку и со другите „глобални и регионални проблеми“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче