Москва нема да ги моли западните држави да ги укинат санкциите против неа, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости“.
„Санкциите не се наш избор и ние нема да ги молиме западните држави да ги укинат истите, иако одвреме-навреме ни даваат сигнали: ајде да усогласиме некои критериуми, ние ќе би кажеме што да правите, а ние ќе ги укинеме санкциите. Такви игри нема да играме“, изјави рускиот министер.
Тој додаде дека Русија не бара конфронтации со ЕУ и е убедена дека санкциите нема да донесат никаков резултат.
„Ние констатираме дека не бараме конфронтација со ЕУ и јасно подвлекуваме дека во нашата работа ќе се раководиме од неопходноста да им се даде на знаење на нашите европски партнери дека санкциите не водат никаде, тие се целосно контрапродуктивни“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче