Западни медиуми: Самитот на Г-20 ќе биде запаметен само по „ненадејното“ заминување на Путин

Рејтингот и популарноста на Путин во Русија никогаш не биле толку високи, пишува The Telegraph.

Самитот на Г-20, на кој учествуваа највлијателните политичари во светот, ќе биде запаметен само по „ненадејното“ заминување на претседателот на Русија Владимир Путин, пишува The Telegraph.

Претходно беше соопштено дека Путин заминал од Австралија, каде што учествуваше на самитот на Г-20. Шефот на руската држава изјави дека самитот бил „конструктивен“, а австралиското раководство го пофали за добрата организација. Своето предвремено заминување од самитот Путин го објасни со зафатеноста и неопходноста од одмор.

Како што забележува британскиот весник, ако целта на Западот е рускиот лидер да биде „изолиран“ на светската арена и да се намали неговата популарност во Русија, тогаш тоа не функционира. Тоа исто така го покажува и „големото неразбирање“ на рускиот светоглед и начин на мислење, пишува изданието, додавајќи дека нацијата која го преживеа Сталинград и речиси 50 години економска изолација по Втората светска војна тешко дека „ќе покаже слабост“ во сегашната ситуација и судир со Западот.

Рејтингот и популарноста на Путин во Русија никогаш не биле толку високи, се кажува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња