Путин: Опасна е поддршката на русофобијата во Украина

Путин смета дека треба да се зближат позициите на двете страни и да се дојде до заеднички прифатливи решенија.

Претседателот на Русија Владимир Путин во своето интервју за германскиот телевизиски канал ARD изјави дека поддршката на русофобијата во Украина претставува опасност и може да доведе до катастрофа.

„Цело време ни зборуваат дека проруските сепаратисти треба да го направат ова или она, вие влијаете врз нив... И цело време се прашувам: ’А што направивте вие за да влијаете на вашите клиенти во Киев? Нешто направивте? Вие само поддржувате некакви русофопски расположенија. И тоа е опасно. Ќе се случи катастрофа доколку се продолжи со поддршката на русофопските тенденции во Украина“, изјави Путин.

Раководството на Русија е вознемирено поради опасноста од етничко чистење и заживување на неонацизмот во Украина, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за германската телевизија ARD, истакнувајќи дека дискретната поддршка на русофобијата во Украина е многу опасна и дека може да доведе до катастрофа, пренесува РИА „Новости“.

„На што личи кога луѓето јавно носат кукест крст на ракавот? Или кога ги гледаме знаците на СС дивизиите на шлемовите на одредени единици кои сега војуваат на истокот во Украина? Ако е тоа цивилизирана држава, дали нејзината власт има очи? Барем да ги примораат неонацистите на ги симнат тие симболи“, изјави тој.

Според зборовите на Путин, ако во Украина се врати неонацизмот, „тоа ќе биде катастрофа за Украина и украинскиот народ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија