Меѓународните инвеститори сметаат дека Русија е поопасна од Еболата

Од анкетата на меѓународните инвеститори се забележува дека најмногу од падот на цената на нафтата ќе изгуби Русија.

Најголема опасност за сигурноста на светскиот финансиски пазар е Русија. Таа најмногу ќе изгуби од падот на цените на нафтата. Ова е објавено во анкетата на меѓународните инвеститори, составена од Bloomberg Global Poll, а пренесува РБК.

52% од учесниците во анкетата сметаат дека руско-украинскиот конфликт е најопасен за светскиот финансиски пазар. За споредба, „Исламска држава“ е опасност за само 26% од анкетираните, а 5% сметаат дека најопасна е Еболата.

„Ситуацијата Русија-Украина е поопасна, бидејќи пред нас имаме суверена држава која се обидува да ја зацврсти својата власт, создавајќи хаос и користејќи воени дејства“, изјави Мајкл Симонсен, одговорен за продажба на активи во банката Nordea во Хелсинки.

Учесниците на анкетата сметаат дека ниските цени на нафтата ќе удрат најсилно по Русија. Тоа го сметаат 51% од анкетираните, а за 21% Венецуела ќе биде најпогодена од падот на цените. Само 12% го сметаат истото за Саудиска Арабија и 6% - Иран. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња