Во Русија е откриен агент на латвиските специјални служби, пренесува телевизискиот канал НТВ.
„Јас, Алексеј Холостов, по националност Русин, сум граѓанин на Латвија“, изјави Холостов на испрашувањето. „Во Русија се наоѓам по задача на специјалните служби на Латвија, кои работат под раководство на ЦИА“.
Се забележува дека Холостов ги претставувал правата на жителите кои зборуваат руски во Латвија и е пратеник во парламентот од партијата „Центар за согласност“. Според зборовите на агентот, тој предава информации на заинтересираните лица уште кога бил само соработник во партијата. Тој добил наредба да прибира информации во Русија за нејзините одбранбени капацитети, како и за незадоволството кај граѓаните од власта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче