Саркози смета дека Франција треба да ги испорача „Мистралите“ на Русија

Првиот носач на хеликоптери „Мистрал“ требаше да биде предаден на Русија на 14 ноември.

Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози смета дека Париз треба да „го одржи ветувањето“ и да ѝ ги испорача на Русија носачите на хеликоптери „Мистрал“, пренесува Le Point.

Според зборовите на Саркози, Русија е еден од најдобрите партнери на Франција.

 

„Не можеме да се согласиме за некои прашања, но исполнувањето на склучениот договор треба да биде извршено. Не разбирам зошто Франција го замрзна договорот по молба на претседателот на САД. Франција сама треба да решава за своите дејства“, изјави Саркози.

Првиот носач на хеликоптери „Мистрал“ требаше да биде предаден на Русија на 14 ноември.

Во случај Франција да не ги исполни своите ветувања и обврски, Русија ќе побара финансиски компензации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња