Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека земјата покажува добри показатели во однос на невработеноста. Во 2014 година невработеноста останува под 5%, пренесува „Интерфакс“.
„Ситуацијата кај нас е добра. Пред половина година имавме нешто повеќе од 5% невработеност, а сега истата е намалена до 4,9%. Можеби до крајот на годината ќе биде уште помал овој процент“, забележа шефот на државата за време на прес-конференцијата во Бризбејн.
„Тоа се добри показатели, многу подобри во споредба со европските држави“, подвлече тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.