Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Западот ѝ наштетува на економијата на Украина со ограничувачките мерки кои ги воведува против руските банки, пренесува РИА Новости.
Шефот на руската држава забележа дека руските банки „не овозможиле кредитирање на украинската економија во обем од 25 милијарди долари“.
„Ако нашите партнери во Европа и САД сакаат да ѝ помогнат на Украина, можат да овозможат пристап на нашите финансиски институции до меѓународните пазари на капитал“, изјави Путин во интервју за германскиот телевизиски канал ARD.
Рускиот претседател појасни дека штом „нашите банки бидат оштетени, тогаш и тие (ЕУ и САД) ќе ѝ наштетат на Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче