Обама ѝ се закани на Русија со понатамошна изолација

Американскиот претседател ја даде изјавата по средбата со лидерите на ЕУ за прашањето околу Украина.

Русија може да остане изолирана од меѓународната заедница доколку продолжи да ја дестабилизира ситуацијата во Украина, изјави претседателот на САД Барак Обама, а пренесува Ројтерс.

„Нашата администрација постојано ги разгледува механизмите на мерки за дополнителен притисок кои може да бидат воведени доколку се појави потреба“, изјави Обама по средбата со лидерите на ЕУ во Бризбејн. 

Претходно САД ѝ се заканија на Русија со изолација во случај Русија да ги признае изборите во Донбас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња