Западни медиуми: САД треба да признaат дека не е можно воено решавање на кризата во Украина

Засилувањето на борбите се случува на фонот на сѐ поголемите разлики во гледните точки на Западот и Русија.

Најдобар начин за да се избави населението во источна Украина од страдањето во последните неколку месеци – е регулирање на ситуацијата по пат на преговори, смета Џејмс Карден.

И покрај пријателската средба меѓу Обама и Путин, која се случи во понеделникот во Пекинг за време на одржувањето на самитот на АТЕС, ситуацијата на истокот на Украина продолжува да се влошува, пишува The National Interest.

Според зборовите на авторот на статијата, Џејмс Карден, информациите кои доаѓаат кажуваат дека околу Донецк во моментов се случуваат најтешките борби откако беше објавено за прекин на огнот на 5 септември.

Засилувањето на борбите се случува на фонот на сѐ поголемите разлики во гледните точки на Западот и Русија.

Според неговото мислење, последиците од санкциите ќе бидат далеку посериозни за Европа, отколку за руската економија.

„Како што и напишав порано, коренот на проблемот е во тоа што Западот упорно го игнорира тврдиот и непобивлив факт дека Путин во Донбас веќе нема дополнителни карти под ракавот, и дека тој е подготвен до крај да игра со она со што располага. Затоа најдобар начин да се спаси населението на во источниот дел на Украина од страдањето е да се регулира ситуацијата по пат на преговори“, пишува Карден. Авторот на статијата смета дека главните параметри на тоа регулирање се федерализација на Украина со давање на определена автономија на областите, официјално признавање на рускиот јазик, и, секако гаранција дека нема да се приклучат дополнителни делови од Украина кон Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња