Западни медиуми: Путин може да го напушти самитот на Г-20

Се додава дека рускиот претседател може да го пропушти состанокот на 16 ноември и да замине порано.

Претседателот на Русија Владимир Путин може порано да го напушти самитот Г-20 кој се одржува во австралискиот град Бризбејн, соопштува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор.

Се додава дека рускиот претседател може да го пропушти состанокот на 16 ноември и да замине порано.

Како што соопштува Ројтерс, причина за заминувањето е критиката на официјалната позиција на Русија околу ситуацијата во Украина, искажана од лидерите на Западот.

Претходно американскиот претседател Барак Обама ги нарече САД „единствена светска суперсила“ која е способна да се спротивстави на „агресијата на Русија против Украина“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња