Русија може да ги забрани испораките на свинско месо од Црна Гора

Забраната може да стапи на сила веќе на 18 ноември.

Федералната агенција за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија може да ги забрани испораките на свинско месо од Црна Гора во текот на следната недела, пренесува РИА Новости. Ова го изјави шефот на Агенцијата, Сергеј Данкерт.

 

Според неговите зборови, мерките против свинското месо од Црна Гора ќе стапат на сила порано од белоруската забрана. Новите проверки на Агенцијата покажаа фалсификување на документи од страна на црногорските извозници.

„Сега се знае дека не постоело никакво црногорско свинско месо. Нашите црногорски колеги фалсификувале документи и внесувале во Русија холандско месо, а во најлош случај – полско“, додаде тој.

Данкерт изјави дека забраната може да стапи на сила веќе на 18 ноември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња