Шефот на комитетот за меѓународни односи во Државната дума Алексеј Пушков смета дека по изјавите на претседателот на САД Барак Обама не остануваат многу надежи за рестартирање на односите меѓу САД и Русија. Ова тој го напиша на својот Твитер.
„Изјавите на Обама не оставаат место и надеж кај никого дека односите меѓу САД и Русија ќе бидат рестартирани“, напиша Пушков.
Претходно Обама изјави дека САД е „единствена суперсила“ која е способна да се спротивстави на „агресијата на Русија против Украина“. Исто така, тој изјави дека Русија „е закана за светот после падот на малезискиот Боинг“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче