Американскиот претседател Барака Обама ги нарече Соединетите Американски Држави “единствена светска суперсила“ која е способна да се спротивстави на „агресијата на Русија против Украина“, но и на другите закани.
Како што пренесува Ројтерс, ова лидерот на САД го изјави за време на говорот на самитот Г-20 во австралискиот град Бризбејн.
„Ние водиме во борбата против Еболата и во спротивставувањето на агресијата на Русија против Украина“, изјави Обама.
Според зборовите на претседателот на САД, Русија е „закана за светот после падот на малезискиот Боинг“.
Претходно руските власти повеќепати изјавија дека одговорноста за падот на малезискиот Боинг лежи кај украинските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.