Шефот на Централната банка на Русија Елвира Набиулина смета дека кризите кои се случија во претходните две децении не може да се споредат со тековната ситуација. Ова таа го изјави во интервју во програмата „Вести“.
„Да, нашата држава, нашата земја преживеа сериозни шокови во 1998 и 2008 година, но ние ги преживеавме тие кризи. Нашата економија не само што се востанови, таа се преструктуираше. И затоа таа сега ќе биде постабилна. Затоа, според мене, кризите од претходните децении не може да се споредат со тековната“, изјави Набиулина.
Русија на 17 август 1998 година прогласи технички дефолт, односно неможност земјата да ги сервисира своите долгови. Во 2008 година започна финансиско-економската криза, која предизвика намалување на економските показатели во Русија и во светот. Во Русија таа криза предизвика намалување на цените на нафтата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче