Западни медиуми: падот на рубљата ги мотивира Русите да излезат да купуваат

Жителите на Русија купуваат увозни стоки, очекувајќи нивно поскапување.

Поради падот на рубљата Русите заминуваат сѐ почесто во продавниците да купуваат скапи увозни стоки, пишува The Wall Street Journal. Како што пишува весникот, курсот на руската валута кон доларот се намали за повеќе од 30%, и, според официјалните прогнози, економијата на државата во најдобар случај ја очекува стагнација. „Што прават доста Руси? Одат во продавниците да купуваат“, се кажува во статијата.

 

Весникот известува дека цените на многу стоки сѐ уште не се промениле, и жителите на државата сакаат да купат поскапи стоки додека рубљата уште не паднала, или цените не се зголемат.

Според зборовите на препродавачите, тој „мини-бум“ е особено забележителен во големите градови како Москва и Санкт Петербург, каде населението е побогато. Сепак, малите препродавачи и економистите сметаат дека овој тренд ќе продолжи и во 2015 година. Според прогнозите, годинава руската економија ќе стагнира, а во следната не е исклучена рецесија, пишува весникот.

Претходно Централната банка на Русија пренесе дека во земјата ќе има економски раст при било каков развој на настаните

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња