Властите на Русија ќе забранат продажба на ГМО продукти

Одгледувањето на ГМО растенија веќе е забрането во Русија.

Владата на Русија ќе ја забрани продажбата на продукти кои содржан генетски модифицирани организми, пренесува ТАСС; повикувајќи се на шефот на Федералната агенција за заштита на правата на потрошувачите, Ана Попова.

Повеќе околу темата

ГМО стасува и во Русија

Според нејзините зборови, производството на ГМО во Русија е целосно прекинато, а сега станува можно и исклучувањето на сите ГМО стоки од пазарот.

Претходно во Државната дума беше внесен предлог-закон за казни поради непочитување на барањата за обележување на производите кои содржат ГМО. Според законскиот проект, големината на казната за претприемачите ќе изнесува од 20.000 до 50.000 рубљи, за правните лица - од 100.000 до 150.000 лица со дополнителна конфискација на сопственост. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња