САД ќе ги укинат санкциите против Русија доколку се регулира ситуацијата во Украина

САД ќе настојуваат да се почитуваат минските протоколи од страна на Русија.

Вашингтон е подготвен да ги укине санкциите против Русија доколку ситуацијата во Украина се регулира, изјави постојаниот претставник на САД во Советот за Безбедност Саманта Пауер.

 

„Остануваме подготвени за укинување на санкциите само ако борбите прекинат, границите бидат затворени, а странските сили и опрема повлечени“, изјави Пауер.

Таа додаде дека САД ќе настојуваат да се почитуваат минските протоколи од страна на Русија, што треба да доведе до деескалација на конфликтот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.