САД не ги почитуваат глобалните одлуки донесени од членовите на самитот на Г-20, особено ако истите не одговараат на нивните интереси, изјави претседателот на Русија, а пренесува РИА „Новости“.
Меѓу другото, според зборовите на рускиот претседател, се работи за одлука донесена на еден од самитот на Г-20 за јакнење на улогата на земјите во развој во работата на ММФ, за распределба за квотите во оваа организација. Конгресот на САД ја блокираше оваа одлука.
„Фактот дека Конгресот одби да го поддржи тој закон зборува за тоа дека имено САД не го почитуваат општиот контекст на решавање на проблемите кои стојат пред меѓународната заедница. На тоа никој не посветува внимание. Користејќи го својот монопол во светските средства за јавно информирање САД често ги ’потиснуваат’ овие информации“, додаде тој.
Исто така, шефот на руската држава истакна дека и покрај сево ова, форматот на Г-20 и понатаму е потребен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче