Медведев изјави дека Русија ќе ги продолжи мерките донесени како одговор на санкциите на Западот

Тој изјави дека од Западот зависи нормализацијата на односите и укинувањето на санкциите.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев смета дека санкциите се непријатни и за Западот и за Русија, пренесува РИА Новости.

Според неговите зборови, руската влада може да ги пролонгира мерките кои ги презеде како одговор на санкциите, но порано или покасно, истите ќе треба да бидат укинати. „Со указ на претседателот тие се воведени во период од една година, но по иницијатива на владата можат да бидат и порано укинати“, изјави Медведев, додавајќи дека треба да се работи на укинување на санкциите.

„Санкциите никогаш не даваат некој конструктивен резултат, ниту ги регулираат меѓународните односи. Тие само предизвикуваат непријатности. Тоа важи и за оние кои ги воведуваат санкциите, и за оние против кого се воведени. Тие не вршат суштествено влијание врз меѓународните односи“, изјави Медведев.

Според неговите зборови, нормализацијата на односите не зависи од Русија, „бидејќи ние не воведовме санкции... тоа беше иницијатива на нашите партнери“. 

Повеќе околу темата:

САД признаваат дека санкциите не ја постигнале целта

Меркел изјави дека ЕУ не планира воведување нови санкции

Михаил Горбачов: Јас сум против било какви ѕидови

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња