„Гаспром нафта“ не гледа ниту ефект, ниту ризици од технолошките санкции на Западот. Сите локални тешкотии се решаваат оперативно, изјави заменикот на генералниот директор за економија и финансии на „Гаспром нафта“, Алексеј Јанкевич.
„Ефект од технолошките санкции не гледаме... Ризици не гледаме... Има локални тешкотии, но тие оперативно се решаваат“, изјави Јанкевич.
„Гаспром нафта“ заедно со неколку други руски компании се најде во санкцискиот список на САД и ЕУ поради кризата во Украина. Странските компании имаат забрана да ѝ продаваат „Гаспром нафта“ некои видови опрема. Освен тоа, затворен е пристапот до долгорочното финансирање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче