Западни медиуми: САД и Русија се борат кој ќе биде главен економски сојузник на Кина

Според зборовите на чиновниците од администрацијата на Обама, Москва чувствува „вакуум“ во регионот, кој сака да го пополни благодарејќи на зацврстувањето на врските со Пекинг.

Москва и Вашингтон се борат за тоа кој ќе стане „главен економски сојузник“ на сѐ помоќната суперсила - Кина, пишува The Washington Times. Како што забележува весникот, двата поранешни противника имаат вложено многу во новата борба. Лидерите на Русија и САД предлагаат зделки со Пекинг, и доколку се суди според првичните резултати од самитот на АТЕС, рускиот претседател Владимир Путин, по сѐ изгледа - води, се кажува во весникот.

 

Претходно беше објавено дека една од централните случки на самитот стана потпишувањето на меморандум меѓу руското и кинеското министерство за енергетика за испорака на природен гас по т.н. „западна“ маршрута. Документот беше потпишан во неделата во рамките на средствата меѓу Владимир Путин со шефот на Кин, Си Ѓинпинг. Исто така, соопштено е дека Сбербанк потпиша договор со кинеските партнери во вредност од 4 милијарди долари.

Во статијата на американскиот весник се кажува дека на Русија ѝ требаат нови деловни и трговски партнери поради економските санкции против Москва, воведени од страна на Вашингтон и неговите европски партнери.

Според зборовите на чиновниците од администрацијата на Обама, Москва чувствува „вакуум“ во регионот, кој сака да го пополни благодарејќи на зацврстувањето на врските со Пекинг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња